Intra ви обезбедува
побезбеден, поотворен
пристап на интернет.

Intra ве штити од DNS-манипулација, компјутерски напад што се користи за блокирање пристап до сајтови за вести, платформи на друштвени мрежи и апликации за разменување пораки.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА INTRA

01

more open internet access

Поотворен пристап на интернет

Intra ви овозможува да пристапувате до вебсајтови и апликации блокирани со DNS-манипулација, една од најчестите форми на цензура онлајн.

02

protection from digital attacks

Заштита од дигитални напади

Intra помага да се заштитите од фишинг и злонамерен софтвер. Ваквите напади се користат за крадење лични податоци, на пр., кориснички имиња и лозинки или инсталирање софтвер на вашиот уред така што ќе ве пренасочат на лажни вебсајтови.

03

unlimited protection with one click

Неограничена заштита со едно кликнување

Intra е исклучително едноставна за користење – само оставете ја вклучена и заборавете на неа. Intra нема да ја забави вашата интернет-врска, а нема ни ограничување на потрошениот интернет.

04

technology you can trust

Доверлива технологија

Intra ја чува приватноста на вашите податоци. Не ги следиме апликациите што ги користите или вебсајтовите што ги посетувате.

Intra ви овозможува да го приспособите вашиот давател на DNS-сервер. Може да користите ваш сервер или да изберете некој од популарните оператори, на пр., Cloudflare или Google.

Како функционира

Intra ја шифрира вашата интернет-врска со јавен сервер на „Систем за имиња на домени“ (DNS). DNS-серверите функционираат како список со контакти – кога користите интернет, вашиот DNS-сервер ги обезбедува точните адреси што ви се потребни за да посетите вебсајт или да отворите апликација.

Сепак, DNS-серверите може да се изменат за да го блокираат пристапот или да ве пренасочат на лажни вебсајтови. Со шифрирање на вашата врска со DNS-серверите на вашиот уред со Android, Intra помага да бидете сигурни дека резултатите не може да се манипулираат, за да може безбедно да пристапувате на интернет.

Intra функционира на Android 4.0 и понови верзии. Започнете за само неколку секунди.